ПРИНЦИПИ НА РАБОТА
Сите ваши барања во врска со водењето и функционирањето
на вашата фирма ги извршуваме во најкус рок.

СПОРЕД СИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ, ПРАВИЛА И ПРОЦЕДУРИ

Откако ќе се изврши регистрација на друштвото и потпишување на договор за редовни сметководствени услуги помеѓу Партнер Плус и клиентот, субјектот што го основа новиот ентитет на пазарот, Ваша должност, односно на субјектот, е минимум еднаш во месецот да ни доставите ИСПРАВНА документација. Со тоа ќе можеме да изготвиме навремено примо-предаен записник, кој ќе биде испратен веднаш потоа на Вашата официјална email адреса.
Пред завршувањето на секој месец во текот на годината, потребно е да ни испратите email порака со вредноста на висината на нето платите и евентуалните запирања во тој период.
Корисно за нашите клиенти е да се напомене дека целокупната документација во оригинал седи во нашите канцеларии во текот на целата деловна година, а по изминување на таа календарска година и предавањето на задолжителните завршни сметки, Ви ја предаваме на Ваc, заедно со примопредаен записник и истата треба да ја чувате минимум 5 (пет) години.
Многу важна информација за нашите соработници е и информацијата дека во месецот кога се предава ДДВ пријавата, потребно е целата валидна документација да ја доставите најдоцна до 10-ти во месецот. А со тоа би биле во можност правилно да извршиме прокнижување и проверка на извештаите, како и навремено, веродостојно и квалитетно да се изготви ДДВ пријава и истата да се поднесе до надлежните институции во Република Северна Македонија.
За било какви прашања, консултации и помош, Партнер Плус е тука за Вас.
Ви стоиме на располагање во секое време со само еден повик и/или порака. Ви благодариме