ПРОФЕСИOНАЛИЗАМ
Вработените сметководители се дипломирани економисти со долгогодишна континуирана посета на семинари и обуки од областа на сметководството и финансиите.
ЕКСПЕДИТИВНОСТ
Сите ваши барања во врска со водењето и функционирањето на вашата фирма ги извршуваме во најкус можен временски период. Работиме по принцип на месечно примо-предавање на сметководствената документација и сето тоа е ажурирано за неколку дена.
СЕРИОЗНОСТ
Основачот на фирмата Партнер Плус ДООЕЛ е и претходно присутен на пазарот од 1990 година и ќе биде присутен во наредните години за вас и вашите потреби. Моментално имаме 7 вработени и ги поседуваме сите потребни и дополнителни лиценци.
ИСКУСТВО
Во нашата фирма работат искусни лиценцирани сметководители со работно искуство над 25 години спремни да одговорат на секаков вид на прашања.
СОВРЕМЕНОСТ
Како компанија која е постојано во тек со поновите и најновите случувања на пазарот општо, како и конкретно во својата дејност или индустрија, се прилагодува на условите и се усовршува со помош на новите технологии и методи на работа. Еден пример за тоа е и воведувањето на криптовалутите, поточно БИТКОИНОТ во својата работа. Заинтересираните лица ќе имаат можност да плаќаат за добиените услуги со биткоини.