social image
  • ПОТТИКНАТИ И МОТИВИРАНИ ОД
    ЗАДОВОЛСТВОТО НА САМИТЕ
    КЛИЕНТИ

ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА И ИСКУСТВО

Партнер Плус ДООЕЛ Скопје е реномирана компанија која на своите тековни и идни клиенти им нуди голем избор на сметководствени, книговодствени и правни услуги и решенија во најбрз можен рок со целосна посветеност кон барањата, желбите и потребите на своите клиенти и партнери, поттикнати и мотивирани од задоволството на самите клиенти. Ние нудиме широка лепеза на услуги и решение за секаков вид на прашања поврзани со административни, сметководствени и правни активности во Вашата компанија.
Нашиот таргет се клиенти, пред се од областа на услугите и трговијата. Акцентот е ставен на ИТ секторот, како и трговијата на големо.
Особено внимание, согласно влијанието на компјутерите, мобилните уреди и интернетот, се компании кои се претставници во информатичките и компјутерски технологии (ИТ секторот), а се двигатели на актуелните подобрени методи и системи на работење и живеење. Тоа придонесува за взаемно зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето на инволвираните страни.

НАШИТЕ УСЛУГИ

Тука сме за сите ваши потреби од регистрација на фирми, вадење на престој и работни дозволи за странци, сметководствени услуги и многу други.

5 разумни причини зошто да го одберете Партнер Плус

Партнер Плус е лиценцирано Друштво за сметководство и консалтинг услуги, основано во 2012 година со работно и практично искуство над 25 години, со физички и правни лица во Република Северна Македонија и во странство.

ИСКУСТВО

Во нашата фирма работат искусни лиценцирани сметководители со работно искуство над 25 години спремни да одговорат на секаков вид на прашања.

ПРОФЕСИOНАЛИЗАМ

Вработените сметководители се дипломирани економисти со долгогодишна континуирана посета на семинари и обуки од областа на сметководството и финансиите.

ЕКСПЕДИТИВНОСТ

Сите ваши барања во врска со водењето и функционирањето на вашата фирма ги извршуваме во најкус можен временски период од неколку часа.

АЖУРНОСТ

Работиме по принцип на месечно примо-предавање на сметководствената документација и сето тоа е ажурирано за неколку дена.

СЕРИОЗНОСТ

Основачот на фирмата Партнер Плус ДООЕЛ е и претходно присутен на пазарот од 1990 година и ќе биде присутен во наредните години за вас и вашите потреби. Моментално имаме 7 вработени и ги поседуваме сите потребни и дополнителни лиценци.

„Кај нас добивате повеќе од вашите  очекувања.“

- Емил МихајловскиГлавен извршен директор (CEO)